Шумскиот пожар во Сибир, катастрофален

Еколошката група Гринпис соопшти дека во Русија речиси 5,5 хектари се зафатени со пожари, претежно во Сибир..

Облаците чад покриваат над 5 милиони квадратни километри што е повеќе од големината на Европската унија Во четири сибирски региони е прогласена вонредна состојба бидејќи пожарите траат веќе трет месец. 

Над 50 мегатони јаглерод диоксид беа ослободени во јуни и 79 мегатони јаглерод диоксид во јули - што е еднакво на издувните гасови од 36 милиони автомобили.

Изгореле повеќе од 13,1 милиони хектари, вклучително и 4,3 милиони хектари тајга во Сибир. 

Гринпис изјави дека огромните огнови даваат „огромен придонес за климатските промени“ бидејќи милиони луѓе го дишат чадот, а дивите животни го губат живеалиштето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top