Шведскиот парламент му изгласа недоверба на премиерот

Шведскиот парламент денеска му изгласа недоверба на Стефан Ловен..

Од 349 пратеници, 204 гласаа против Ловен како премиер на новата влада.

Претседателот на собранието, Андреас Норлен, сега ќе побара од лидерите на другите партии да се обидат да формираат влада, објави „Локал“.

На изборите на 9 септември централнолевичарскиот и централнодесничарскиот блок постигнаа приближен резултат, односно никој нема доволно мнозинство за да формира влада.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top