Си поигрува со поранешниот клуб: Мурињо краде уште една желба на Конте, но менаџерот на Челзи е самиот виновен

Мурињо повторно го насамарува Конте..

Имено, според пишувањата на англиските медиуми, Манчестер Јунајтед е блиску до договор со Монако за потписот на Тиемуе Бакајоко.

Оваа вест ја пренесоа бројни извори од Островот, а наводно трансферот ќе изнесува 35 милиони фунти.

Бакајоко е инаку најголемата желба на Антонио Конте, Челзи се обидува да го договори неговиот трансфер веќе со недели, а доколку Италијанецот остане без уште една своја трансфер мета, сигурно дополнително ќе бидат влошени односите со управата на клубот на чело со Роман Абрамович.

Сепак, од една страна, Конте и самиот е виновен за таквиот исход, бидејќи желба на Мурињо беше Немања Матиќ, но Италијанецот гневен од „кражбата“ на Лукаку, го стопираше овој трансфер, па „Специјалниот“ сега се насочува кон најголемата желба на Конте и го „краде“ Бакајоко.

Мурињо го украде Лукаку кој беше на прагот на Челзи, а ако на сличен начин го доведе и Бакајоко, дефинитивно ќе му го зададе најголемиот удар на својот поранешен клуб иако сезоната се уште не е ни започната.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top