Силен старт на Надал, пораз на Шарапова

Првиот тенисер на АТП ранг листата обезбеди пласман во второто коло на Австралија Опен откако славеше максимална победа на стартот..

Надал со 6:2,6:3,6:0 го победи Уго Делиен од Боливија иако во првите два сета губеше по еден гем на свој сервис, но сепак беше пресилен за 73. тенисер на светот за кого ова беше прв натпревар во главната рунда на Австралија Опен.
Следен противник на Надал ќе му биде победникот од дуелот помеѓу Федерико Делбонис и Жоао Соуса.

Пласман во второто коло обезбеди и Хрватот Марин Чилиќ кој со 6:3,6:2,6:4 го победи Французинот Корантен Муте. Чилиќ во второто коло го очекува далеку посериозен противник, Беноа Пер кој во првото коло во пет сета беше подобар од Германецот Седерик-Марсел Штебе.

Станислас Вавринка во четири сета (7:5,6:7,6:4,6:4) го елиминира Дамид Џумхур од БиХ.
Сигурен настап имаа и Доминик Тим, Диего Шварцман, Роберто Баутиста Агут, Фернандо Вердаско како и Фабио Фоњини.

Кај дамите, поранешната прва тенисерка, Марија Шарапова е елиминирана уште на стартот на Австралија Опен од Дона Векиќ (3:6,4:6).

Втората тенисерка на ВТА ранг листата, Каролина Плишкова со 6:1,7:5 ја победи Кристина Младеновиќ, додека Белинда Бенчиќ по триумфот над Швидлова од 6:3,7:5 во второто коло ја очекува дуел со Јелена Остапенко која во два сета ја победи Русинката Самсонова.
Пласман во второто коло обезбедија и Каролин Гарсија, Марија Сакари, Медисон Киз, Гарбине Мугуруза.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top