Силен земјотрес го потресе Валандово

Потресот се случил во 3,35 часот ноќеска.

Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала – 1998 ноќеска го потресе Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје која со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово го регистирала земјотресот.

Потресот се случил во 3,35 часот ноќеска во околината на Валандово. Засега нема информации за предизвикана штета.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top