Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер вечерва ја погоди источна Турција..

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди вечерва источен дел на Турција, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 8,6 километри, на околу 15 километри источно од градот Киркагац, јави Ројтерс.

Жителите од градот Маниса во паника бегаа од домовите. Според локалните медиуми , нема жртви ,а била причинета материјална штета на дел од објектите.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top