Силен земјотрес на Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер денека ја погоди Алјаска..

Центарот за геолошки истражувања на САД соопшти дека епицентарот на потресот е регистриран на 99 километри југоисточно од местото Перивил.

Во соопштението е наведено дека епиценарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а надлежните служби на САД веќе издале предупредување за можно цунами.

Потресот се почувствувал во целиот регион.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top