Силјановска Давкова: Фрапирана сум од Димитров - па на кој јазик зборувале твоите предци од Егејска Македонија

Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за Претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМН негодуваше по изјавата дадена од Министерот за надворешни работи, Никола Димитров..

Фрапирана сум од изјавата на Министерот за надворешни работи, г-дин Димитров, дека македонскиот јазик коj го зборуваат граѓаните на Република Македонија, нема никаква врска со јазикот на грчките Македонци. Поминаа 24 часа, а сѐ уште никој не го демантирал ова тврдење.

Се прашувам, ако е навистина така, на кој јазик зборувале предците на Димитров со потекло од Егејска Македонија ? На јазик различен од тој што тој го зборува денес ?

На кој јазик зборувале и моите и предците на илјадници други Македонци кои живеат во Република Македонија, а своите корени ги влечат токму од Егејска Македонија ?! Не во наше име, господине Димитров ! - напиша Силјановска на својот Фејсбук профил.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top