Силјановска до Димитров: Вие неовластено го потпишавте Преспанскиот договор, тоа е кривично дело

Гордана Силјановска-Давкова, носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 на вчерашната дебата на ТВ 24 со Никола Димитров, носител на листата на СДСМ во ИЕ1, рече дека „Преспанскиот договор го склучил неовластен субјект-Вие“..

„Според член 119 од Уставот меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на државата. Владата може да склучува меѓународни договори само кога е тоа утврдено со закон. Меѓународните договори се составен дел на правниот поредок само ако се ратификувани во согласност со Уставот. Не беше ратификуван овој договор така. Во Преспанскиот напишаа може да спроведете референдум. Референдумот беше неуспешен. Значи, правно мамлив е договорот.

И не само тоа, туку член 308 од Кривичниот законик вели дека тој што ќе ја доведе Македонија во потчинета положба, кривично ќе одговара“, рече Силјановска.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top