Силјановска: Нашиот Устав не овозможува функционална демократија

Кандидатот за претседател поддржан од опозициската ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во емисијата „360 Степени“ најави дека како идна претседателка прво би се зафатила со уставни измени..

Силјановска смета дека нашиот Устав не овозможува функционална демократска држава. Тоа особено го покрепува со начинот на поделба на власта во земјава.

„Нашиот Устав е Устав кој не овозможува функционална демократска држава и ќе го чуеме тоа, го чувме од француската министерка која многу убаво кажа, оти вие зборувате за пракса, како што рече „failed state“, не слаба, значи пропадната држава, уништен политички систем, рече. 

Дали некој со пропадната држава може во овие преостанати две години, иако, морам да кажам, СДСМ и остантите коалициони партнери, не се на власт само овие две години, беа и во техничката Влада, можеа да влијаат не беа сите преокупирани со Преспанскиот договор, требаше да работат социјална заштита, образование итн. 

Значи нашиот Устав, досега, овие 36 амандмани, не се занимавале со клучните конституционални проблеми. 

Со тоа треба да се занимаваме, а Претседателот е овластен предлагач на амандмани. 

Јас не велам дека во еден мандат може тоа да се направи, но важно е да се соберат македонските конституционалисти, веќе од некои имам и таков предлог, странски конституционалисти, за да видиме кои се оние точки во Уставот што оневозможуваат правна држава. 

Јас ќе ви кажам, начелото на поделба на власта е погрешно поставено. 

Трите власти треба заедно да живеат и заедно умираат. Парламентарниот систем е заснован на рамнотежа на трите власти, ако Парламентот изгласа недоверба на Владата треба да си оди и тој. 

Ние сме една од ретките земји која што има само инструмент на самораспуштање.

 Во моментов, заради тоа, заради отсуство на поделба на власта ние немаме демократија, ние имаме власт концентрирана не само во Владата, туку само во премиерот“, рече Силјановска – Давкова.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top