Силјановска: Нема целиот свој мандат да го трошам на ревизија на Договорот од Преспа

Таа додаде дека Договорот е реалност и таа ќе го почитува..

Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот дуел со Стево Пендаровски рече дека таа никогаш не рекла дека целиот свој претседателски мандат ќе го потроши на ревизија на Договорот од Преспа.

-Ниту еднаш не сум рекла дека целиот свој мандат ќе го трошам на ревизија на Договорот од Преспа. Во мојата програма стои дека јас целиот мој мандат ќе работам на демократизација на македонскиот недемократски политички систем. Сигурно дека нема мандатот да го трошам на менување на Договорот, рече Силјановска.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top