Силјановска: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Од говорницата на митингот во Општина Центар професорката Гордана Силјановска - Давкова носител на ИЕ 1, вечерва најпрвин им се заблагодари за присуството на многубројните центарци, го честиташе македонскиот празник "Денот на борецот"..

Потоа таа упати искрени честитки до Соединетите Американски Држави за "Денот на независноста".

-Ние народот сме собрани овде. Ние народот имаме право на самоопределување. Никој тоа право не може да ни го одземе. Името е дел од правото на самоопределување. Не е точно дека ние не сакаме да го вратиме. Повторувам. Не само што ги знаеме сите начини, туку ги знаеме и сите постапки. Има место за љубов само кон една татковина. Јас му верувам на оној горд Ирец, Бернард Шо кога вели дека се можете да смените, само татковината не можете. И вели дека битката секогаш е битка за Ирска, за Македонија или за Финска. Пазете во 1876-тата година. Тоа нему му е јасно, а ним не им е јасно. Дури и човекот број еден на СДСМ, Киро Глигоров рече Македонија е се што имаме, рече Силјановска-Давкова.

Таа посочи дека ако е денеска "Денот на борецот", а нејзиниот татко бил борец на 17 годишна возраст, се разбира дека постои некој завет кој го дале тие борци.

-А тоа е дека она што сме го наследиле не е лично, а не е ни колективно, туку му припаѓа на народот ќе го чуваме и ќе го предадеме на поколенијата по нас. Она ВМРО се буди токму тогаш кога е загрозена Македонија. Не само тука на оваа територија, туку и во Австралија, Канада и Америка. Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен. Ама за жал тие сакаа македонизмот да го импутираат. Да го пресечат коренот на ова дрво. Ние бараме во модерна Европа она што важи за сите народи, а нема народ без малцинства во соседството, да важи и за нас. Ние бараме да се почитува Конвенцијата за заштита на правата на малцинствата и да се почитува Конвенцијата за регионални малцински јазици, рече Силјановска-Давкова од говорницата.

На крајот таа порача дека она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го спроведува после 15-ти јули ќе биде "ПРАВИ ЛУЃЕ НА ПРАВО МЕСТО". Така најмладите нема да си заминат. На Македонија и треба даскал. Учител. А учителот е пред вас, господинот Мицкоски, заврши Силјановска-Давкова.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top