Силјановска: Со моја победа на изборите, правото и правдината ќе се вратат на голема врата

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, денеска оствари средба со граѓаните од Демир Капија..

Како што информираат од нејзиниот штаб, таа ветила дека кога ќе победи на претседателските избори ќе се залага да започне ера кога правото и правдината ќе се вратат на голема врата во Република Македонија.

„Откако заевизмот завладеа не се почитува ниту еден закон, секојдневно законите ги кршат“, порачала Силјановска и додала дека тоа ќе престане откако таа ќе стане претседател бидејќи, како што рекла, законите постојат за да се почитуваат, а не да се злоупотребуваат за лични интереси.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top