Силна бура го погоди Нов Зелнад

Силна бура го погоди Нов Зеланд. Ветрот достигна брзина од 200 километри на час, а 200.000 луѓе останаа без електрична енергија во своите домови..

Службата за итна помош во Окленд, град со околу 1,5 милиони жители, беше преплавен со повици. Меѓународниот аеродром во Окленд беше повремено затворен поради ветер и авиокомпанијата  „Ер Њу Зиланд“ јави дека е нарушен бројот на летови.\

Метеорологот Филип Данкан изјави дека очекувале силен ветер, но ја потцениле неговата сила. Лошото време во Окленд ќе потрае до петок.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top