Силна екслозија во сириската провинција Алепо

Силна експлозија одекна доцна вечерва во реон под контрола на сириската Влада, јужно од Алепо, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права..

Причината за експлозијата е непозната, како и евентуалната мета, но во реонот се распоредени ирански сили, како и припадници на авганистанската проиранска милиција Лива Фатимиун, која е поддржана од властите во Дамаск.

Раководителот на Сирискиот центар, чие седиште се наоѓа во Лондон, Рами Абдел Рахман истакна дека засега не е познато дали станува збор за случајна експлозија во магацин за оружје или за воздушен напад.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top