Симпсонови уште во 1997 година го открија тајниот плана на Американците за еболата

Тие сметаат дека ова е премногу за да биде случајно и дека властите во Вашингтон веќе со децении ја имаат вакцината против ебола..

Пророштвото се исполни! Епидемија на смртоносниот вирус ебола е предвиден уште далечната 1997 година во познатиот цртан филм Симпсонови, пренесе Вечер.

Во деветата сезона од цртаниот филм, во епизодата која е емитувана на 19 октомври 1997 годиина, Марџ Симпсон, на својот син Барт, кој е болен во кревет, му ја нуди детската книга со наслов

" Радозналиот Џорџ и вирусот на ебола". 

На насловната страна на книгата се наоѓа болен мајмун како лежи во кревет.

Епидемиолозите сметаат дека за ширењето на еболата се виновни токму мајмуните . Ебола за прв пат е откриена во Судан.

Подоцна Барт го покажува цртежот кој го нацртал под влијание на книгата. На цртежот се гледа апокалиптичен крај на Земјата, тажно сонце кое плаче над расфрланите човечки лешеви.

Дали уште во тоа време челниците во Холивуд ни кажале се што знаат или е ова чиста случајност?", велат експерти кои ги разработуваат теориите на заговор врзани за смртоносниот вирус на ебола. 

Тие сметаат дека ова е премногу за да биде случајно и дека властите во Вашингтон веќе со децении ја имаат вакцината против ебола.

Смртоносниот вирус е откривен уште во 1976 година и до сега имало неколку епидемии - кон средината на 90-тите во Забон и Заир.Потоа помеѓу 2000 i 2004. од овој вирус починале околу 500 луѓе во Уганда, Габон , ДР Конго и Судан. 

Последната епидемија, која изби во декември минатата година усмрти над 3800 луѓе, соопшти Светската здравствена организација. .



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top