Синот на Трамп се сретнал со руска адвокатка пред изборите

Синот на Трамп се сретнал со руска адвокатка.

Американските медиуми пренесоа дека синот на претседателот на САД, Доналд Трамп минатата година се сретнал со адвокатка поврзана со Кремљ, откако претходно му било ветено дека ќе добие информации со кои би и наштетиле на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон. 

На средбата биле присутни и зетот на претседателот Џаред Кушнер и тогашниот шеф на предизборна кампања, Паул Манафорт. 

Трамп Јуниор преку соопштение призна дека се сретнал со руската адвокатка, велејќи притоа дека не размениле важни информации. Американските разузнавачки агенции констатираа дека Русија се замешала во претседателските избори на САД во 2016.

Најмалку два комитети на американскиот Конгрес и ФБИ ги истражуваат обвиненијата, вклучувајќи и извештаите за контактите меѓу тимот на Трамп и руски функционери.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top