Синот на Зоран Верушевски тајно го снимал Заев пред 4 години во Струмица

По сарказмот на Заев на фејсбук профилот дека аудио „бомби“ против него пушта неговиот владин пи-ар, денеска тој ја откри вистината..

4-те разговори кои одекнаа на 9-ти мај се од неформален и пријателски ручек во Струмица пред 4 години со семејството Верушевски. Седеле и муабетеле, а снимал синот на поранешаниот директор на УБК,  и високи партиски функционер, Александар Верушевски. Заев е во добри односи со неговиот татко, и не знае зошто бил сниман и по 4 години објавен.

„Соговорникот кој ме снимал е господинот Александар Верушевски. На ручек е кај мене во Струмица, летото 2016, овде седиме и ручаме, и видов дека ме снимал. Разговорот јасно покажува кој е. Не беше тоа пред 100 години, беше пред 4 години … Ние сме во добри односи. Секој со својата одговорност, јас сум пријател со сите. Тој така одлучил, така направил. Јас сум многу близок со неговото семејство, ги сакам неговите дечиња, со професорот Верушевски сум пријател, тој е претседател на нашата (партиската) комисија за внатрешна безбедност, соработувам, советник во кабинетот за национална безбедност. Но, еве, така одлучил мојот пријател Александар, така и направил“.

Неколку месеци пред парламентарните избори, Заев во разговор со друго машко лице наговестува победа на изборите откривајќи дека на конто ги има гласовите од противниците на тогашната власт, преку невладиниот сектор и шарената револуција. По, споменувањето на бизнисменот Орце Камчев, користи пцовка, а разговорите се на повеќе актуелни теми како и за СЈО.  Се појавија на Јутуб канал, од анонимен објавувач. Заев нема да бара одговорност од синот на Верушевски, а остава обвинителство да ја анализира содржината иако опозицијата со денови ги користеше разговорите за политички напади против лидерот на СДСМ. Заев и Зоран Верушевски се, пак, двајцата социјалдемократите кои од свиркачи од УБК добија стотици илјади аудио разговори лично ги преслушуваа и обработуваа од кои дел завршија во јавноста, а останатите како индиции за криминал во работата на поранешеното СЈО. Верушевски и Заев ја делеа и обвинителната клупа во предметот „ПУЧ“, се до повлекувањето на обвинението против нив.

За прв пат нивните ставови во последните 5 години се разминаа во сведочењта за предметот на СЈО, а откако Верушевски рече дека тој не ги добивал бомбите од свиркачите лично туику тие се слевале во партискиот сеф. Но, она што одекна во судницата беше неговата изјава дека „документацијата доживеала модификации и компромитирања после неговото лишување од слобода”, иако Заев објасни како ги одбивале, како се чувлае во сеф и како сеп равела слеекцијата што ќе се објавува.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top