Синтезис заминува на турнеја во Австралија

Етно групата Синтезис заминува на турнеја во Австралија. Настанот е во организација на Феел Балкан, и првиот настап ќе се одржи во Сиднеј на 21-ви ноември во култниот Фактори Театар. На 23-ти ноември групата ќе настапи во Торнбури театар во Мелбурн..

Билетите по цени од 70 до 190 долари веќе се пуштени во продажба за концертот во Сиднеј, додека пак за концертот во Мелбурн се продаваат по цени од 76 до 198 долари.

Етно составот Синтезис е основан во 1995 година и има гостувано речиси низ целиот свет. Во февруари тие се најдоа во центарот на вниманието откако беа помеѓу одбиените учесници на Конкурсот за проекти од национален интерес во културата за 2019 година. Министерството за култура не ја поддржа финансиски нивната турнеја во Австралија.

Имено, тие аплицирале за средства за авионски билети за концерти кои требало да се одржат во септември во Мелбурн и Сиднеј. Синтезис важи за состав кој што дал голем придонес за афирмација на македонската музика и култура и има добиено повеќе награди и признанија. Во него членуваат вокалистките Анета Шуланковска, Билјана Ристовска и Сузана Јовчева, како и музичарите Гоце Димовски, Ване Јовчев, Гоце Узунски, Маријан Јовановски и Радослав Шутевски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top