СИРИЈА, ЛАГИ И ВИДЕО КЛИПОВИ

Кога ќе се сети колку ладнокрвно Колин Пауел и Тони Блер лажеа за хемиското оружје во Ирак (башка Либија), на човек сè почесто му доаѓа да ѕирнува и кај овие другиве извори кои имаат сосема поинаква перспектива на настаните..

Прво за слободниот (дали да ставиме наводници?) дел од светот. На британски „Скај њуз“ гостува генерал Џонатан Шо. Не само што е генерал туку е поранешен командант на британските вооружени сили. Но, штом скршна од сценариото и го постави клучното прашање кое ама баш сите нормални го поставуваат (кој би бил мотивот на Асад да употреби хемиско оружје кога конвенционално го освојува теренот?), генералот бива дрско и бескрупулозно прекинат.

„Знам дека трпеливо чекавте да ве вклучиме но тука ќе мора да прекинеме, многу ми е жал“, ќе го отфикари и самата по малку збунета новинарка.

Тоа Британците се - во политичка смисла -  да се чудиш. Тереза Меј се чинеше особено згрозена од самата помисла на употреба на хемиско оружје. Како да Британија во 80-тите не ѝ продаваше на Сирија хемикалии (dimethyl phosphite, trimethyl phosphite и hydrogen fluoride) од кои се произведува нервниот отров сарин и како да таму не извезуваше хемикалии и во 2012 година, дури и откако на адреса на Асад веќе беа стигнати обвинувања за играње со нервни отрови.

А денес активисти ја носат Британија и на суд заради продавање оружје на Саудијците со што го разгорува страдањето во Јемен. Според ОН, таму ситуацијата е ваква: 10.000 луѓе убиени и 3 милиони расселени. Уницеф изброи 5.000 убиени или осакатени деца од почетокот на конфликтот во 2015. Колера и акутна дијареа погодиле преку милион луѓе а дури 8 милиони луѓе се под ризик да умрат од глад.

Сето тоа не ѝ пречеше на Велика Британија, од почетокот на конфликтот до сега, на Саудиска Арабија да ѝ продаде оружје од 6,4 милијарди долари.

Од комбинирани извори приказната оди вака:

Сириската армија со руска помош зароби пратка на хемиско оружје наменето за Источна Гута.Тоа беше британско оружје произведено во Портон Даун во Салисбури. Русите се сомневаат дека и инцидентот со Скрипал е поврзан со ова, бидејќи според нивните сознанија, Скрипал работел со Портон Даун како организатор на шверц со оружје, во соработка со една украинска фирма. Русија негира дека го труела Скрипал но признава дека бил под нејзина присмотра поради неговите активности во кои е вклучена и поддршка на терористите во Сирија. Русија исто така потврди дека Сириската армија заробила британски, американски и израелски разузнавачки офицери во Источнa Гута.

Сириско-руски извори следниов арсенал го идентификуваат како хлорин полнет во Портон, Салисбури (фатен пред некое време кај Ал Каеда во Источна Гута) а во она подолу имало и VX нервен гас од британската пратка:

Ракетниот напад на САД, Британија и Франција се објасни како реакција на хемиски напад  во Дума во кој загинаа 70-тина цивили за кој промптно се обвини официјален Дамаск. Бидејќи ни ОН ни OPCW (Организација за забрана на хемиското оружје), немаа ни време ни можности да донесат квалификуван суд за тоа што точно се случило таму, главна алатка за сензибилизирање на јавноста беа неколку страшни видео материјали од лице место.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top