Сирија не мирува: Израелските авиони повторно го бомбардираа Дамаск

Сириската против-воздушна одбрана наводно пресретнала неколку ракети над Дамаск кои биле лансирани од пределот на Голанската висорамнина која е под контрола на Израел..

На снимките може да се види како трае ноќната пресметка помеѓу против-воздушната одбрана на сириската армија и израелското воено воздухопловство чии авиони често ги лансираат ракетите без притоа да навлезат во сирискиот воздушен простор.

Во сирскиот главен град Дамаск нешто пред полноќ се слушнаа првите експлозии во кои е причинета голема материјална штета.

Како што пренесуваат сириските медиуми, некои ракети ги погодиле своите мети, а во нападите нема жртви.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top