Сириската опозиција постави услови за да присуствува на мировните преговори во Женева

Донесовме одлука да не присуствуваме на разговорите во Женева, доколку тоа не е достоинствено.

Претседателот на Сириската национална коалиција, Ахмед Џарба, изјави дека нема да присуствува на предложените мировни преговори во Женева, доколку не биде изнесена јасна временска рамка за заминување од власт на претседателот Башар Ал Асад.

- Донесовме одлука да не присуствуваме на разговорите во Женева, доколку тоа не е достоинствено. Не сакаме ниту окупаторот Иран да биде на преговарачката маса- рече Џарба во текот на вонредниот состанок на Арапската лига во Каиро.

Аналитичарите наведуваат дека неговите последни коментари предизвикуваат дополнителна конфузија во врска со одржување на разговорот во Женева.

Специјалниот претставник на ОН и Арапската лига за Сирија, Лахдар Брахими рече дека нема да има никакви предуслови за одржување на мировниот разговор .

Состанокот е со цел завојуваните страни во Сирија да седнат на преговарачката маса, кои во повеќе наврати се одложувани поради спорови помеѓу светските сили, поделби помеѓу опозицијата и различните ставови на Асад и бунтовниците.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top