Сите интернационални пристигнувања во Австралија ќе бидат во изолација две седмици

Скот Морисон ги објави новите правила околу самоизолацијата денес, и ќе стапат во сила од полноќ..

Сите меѓународни пристигнувања во Австралија ќе бидат принудени да се изолираат 14 дена во обид да се запре ширењето на коронавирусот.

Премиерот исто така најави дека бродовите за крстарење ќе бидат забранети да се допираат во пристаништата во Австралија најмалку 30 дена.

Драстичните мерки доаѓаат бидејќи бројот на потврдени случаи во Австралија се искачи на повеќе од 230. Три лица починаа од болест.

Присилната изолација за интернацоиналните патници доаѓа откако Нова Зеланд ги воведе истите ограничувања минатата недела.

Казните за неизолирање ќе ги одредат државите и териториите.

Сега се потребни и мерки за социјално дистанцирање, рече г. Морисон.

Ограничувањата на големите собири во затворените области, како што се театрите, се очекува да бидат направени подоцна во текот на неделата.

Г-дин Морисон рече дека мерките се за ограничување на социјалните интеракции и намалување на ризикот од широко распространета појава.

Веќе е ставена забрана за патување за Кина, Иран, Јужна Кореја и Италија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top