Сити нема гајле: Гвардиола не оди никаде!

Жоан Лапорта потврди дека ќе се кандидира за претседателските избори во Барселона идната година и како едно од предизборните ветувања го најави враќањето на Пеп Гвардиола на тренерската функција..

Со оглед на тоа што Манчестер Сити е во опасност следните две сезони да не игра во Лигата на шампионите, од премиерлигашот требаше да се исплашат дека ќе останат без својот менаџер. Тоа не е случај во моментов иако договорот на Гвардиола токму идната година кога треба да се одржат изборите во спортското друштво Барселона.

Управата на клубот веќе е во преговори со него за продолжување на соработката, но на сите им е јасно дека многу работи ќе зависат од судската разврска во однос на суспензијата на Сити во Лигата на шампионите. Гвардиола веќе беше тренер на Барселона до 2008 до 2012 година и под неговото водство каталонскиот клуб освои две титули во ЛШ и три во Ла Лига или вкупно 14 трофеи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top