Сити победи, но за прв пат Челси и Лампард му срушија една посебна статистика на Пеп

Манчестер Сити денеска го совлада Челси во дербито на колото во Премиерлигата..

Но во еден сегмент, каде секогаш Сити со Пеп Гвардиола бил подобар, овој пат сепак не беа.

Откако Пеп е во Англија, никогаш во Премиерлигата ниту една екипа немала поголем посед на топката во дуелите со Сити, а тоа денеска беше демантирано од тимот на Френк Лампард.

Официјалната статистика на Премиерлигата зборува за тоа дека Челси денеска бил поофанзивен, со скор од 53.3% во свој посед, додека сити имал само 46,7%.

Веројатно нема да им падне оваа статистика, посебно не на Пеп, кој е сигурно задоволен од добивањето на ова дерби, кое за нив беше важно, за да ги одржат шансите за титулата против Ливерпул живи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top