Сити со шест парчиња го испрати Челси на 6. позиција

Манчестер Сити комплетно го разби тимот на Челси вечерва на Етихад со 6:0..

Челси уште во раната фаза од натпреварот беше демолиран, уште во 24. минута веќе домаќинот имаше водство со 4:0 со головите на Стерлинг, Агуеро (2) и Гундоган, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел се случи уште една канонада на голот на гостите, па Агуеро погоди од пенал во 56. минута за 5:0. Конечните 6:0 ги постигна Рахин Стерлинг во 80 минута.

Со овој пораз Челси го загуби чекорот со Јунајтед и Арсенал во битката за топ4, а со победата Сити повторно изби на првата позиција пред Ливерпул.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top