Сити уверлив против Порт Вејл, Јунајтед мора на поправен против Волвс

Манчестер Сити уверливо славеше во денешниот натпревар од ФА Купот против нисколигашот Порт Вејл со 4:1..

Зинченко го отвори резултатот на оваа средба во 19 минута, а гостите изненадувачки доаѓаат до 1:1 во 35 минута преку Попе.

Пред крајот на полувремето, Агуеро во 42. минута ги носи „граѓаните“ во предност од 2:1, а во вториот дел работата комплетно ја завршија Харворд Белис и Фоден со головите за конечни 4:1 и пласман во следната рунда.

Манчестер Јунајтед ќе мора на поправен, односно реванш на Олд Трафорд, против Волверхемптон, бидејки вечерва одиграа нерешено без голови 0:0.

Од останатите натпревари, Бурнмаут – Лутон 4:0, Флитвуд – Портсмут 1:2 и Лестер – Виган 2:0.

Утре се игра големото градско дерби, Евертон – Ливерпул.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top