Сити во огромна предност: Реал е ништо без Рамос!

Серхио Рамос е суспендиран за реванш дуелот против Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на шампионите и тоа ќе биде огромна предност за премиерлигашот..

Англискиот тим има и предност од 2-1, а отсуството на капитенот е уште еден елемент на страната на составот на Пеп Гвардиола. Статистиката е поразителна за Реал Мадрид кога играл без лидерот на екипата во Лигата на шампионите во последните две години.

Без него шпанскиот првак играл шест натпревари, остварил само една победа и дури пет порази. Загуби лани од Ајакс, претходно и потоа од Јувентус, ПСЖ и два пати од ЦСКА. Успеа да го победи само Бриж во Белгија во декември минатата година, но тој меч немаше никакво резултатско значење.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top