СЈО го демантира Панчевски дека истражител му го украл клучот од домот

Специјалното јавно обвинителство најостро ги демантира обвинувањата на судијата и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Специјалното јавно обвинителство најостро ги демантира обвинувањата на судијата и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски дека при претресот на СЈО во неговиот дом истражител му го украл клучот.

„Сите дејствија преземени во рамки на предистражната постапка за време на претресот во домот се документирани, се снимаат видео и аудио, за одземените предмети се составува записник за привремено одземени предмети кој го потпишува и лицето во чиј дом е извршен претресот. По целосна анализа на материјалите ќе излеземе и со официјален став за ваквите наводи кои ги демантираме во целост – велат од СЈО.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top