СЈО наместо условна бара затворска казна за Ивона Талевска

СЈО поднело жалба до Апелациониот суд за пресудата за случајот „Тифани“..

Од СЈО бараат наместо условна, затворска казна за Ивона Талевска и повисока парична казна. Талевска доби условна казна од две години за случајот доколку во наредните четири години не го повтори делото и има обврска за една година да го плати данокот што го затаила.

Од СЈО бараат повисока парична казна и за Смарт групацијата, која треба да плати казна од 200 илјади и данокот кој бил затаен и изнесува над милион денари. Талевска и Смарт треба да ги поделат судските трошоци од 2.000 денари и трошоците за вештачење од 76 илјади денари. Талевска пред судот го призна делото.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top