СЈО се приклучува на работната група за следење на комуникациите

Специјалното јавно обвинителство станува дел од работната група за следење на комуникациите за имплентирање на препораките на Прибе.

Според владаата, оваа одлука е донесена откако е увидена потребата во работната група да бидат вклучени и претставници од Специјалното јавно обвинителство, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство, кои ќе се повикуваат по потреба.

Пред вклучувањето на СЈО, владата формираше работна група за изготвување и следење на имплементација на планот на препораките од Прибе во врска со следењето на комуникациите од 2015- та година. За претседател е именуван Сиљан Аврамовски од Министерството за внатрешни работи.

Кој освен СЈО ја чини работната група

Работната група ја сочинуваат 29 лица, од кои 11 се вработени во МВР, двајца претставници од Министерството за одбрана, две лица од Министерството за финансии, четворица пратеници. По еден претставник од Министерството за правда, од Царинска управа, Финансовата полиција, Министерство за информатичко општество, Врховниот суд, Јавното обвинителство,  Основно обвинителство за гонење на организиран криминал, Кривичниот суд, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Народниот правобранител и еден универзитетски професор.

Ова е списокот на сите членови именувани во оваа работна група.

  1. Силјан Аврамовски

– претставник од Министерство за внатрешни работи, претседател;

  1. Славјанка Петровска

– претставник од Министерство за внатрешни работи, заменик претседател;

  1. Весна Доревска

– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;

  1. Нухи Незири

– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;

  1. Сашо Трајковски

– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;

  1. Даниела Јаковлевски-Ѓоршоска

– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;

  1. Лазо Јовановски

– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;

  1. Марјан Здравковски

– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;

  1. Светлана Влаховиќ-Димановска

– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;

  1. Снежана Петровиќ-Арсовска

– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;

  1. Јане Стојанов

– претставник од Министерство за внатрешни работи, член;

  1. Никола Прокопенко

– претставник од Министерство за правда, член;

  1. Елизабета Калачоска

– претставник од Министерство за финансии, член;

  1. Горан Василески

– претставник од Министерство за одбрана, член;

  1. Трајче Касапинов

– претставник од Министерство за одбрана, член;

  1. Иван Спасовски

– претставник од Министерство за финансии – Царинска управа, член;

  1. Кире Темелков

– претставник од Министерство за финансии-Управа за финансиска полиција, член;

  1. Димитар Буковалов

– претставник од Министерство за информатичко општество и администрација, член;

  1. Ејуп Аљими

– претставник од Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, член;

  1. Лилјана Затуроска

– претставник од Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, член;

  1. Фросина Ташевска-Ременски

– претставник од Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член;

  1. Трајчо Димков

– претставник од Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член;

  1. Рахилка Стојковска

– претставник од Врховен суд на Република Македонија, член;

  1. Башким Бесими

– претставник од Јавно обвинителство на Република Македонија, член;

  1. Сузана Мирчевска-Кузмановска

– претставник од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, член;

  1. Весна Димишкова

– претставник од Основен суд Скопје1, член;

  1. Игор Кузевски

-претставник од Дирекција за заштита на личните податоци, член;

  1. Васка Бајрамовска – Мустафа

– претставник од Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија, член и

  1. Гордан Калајџиев

– претставник од научната и стручната јавност од областа на кривичната постапка, член.

Работната група има за задача да изготви План за реализација и спроведување на препораките на Прибе, да ги дефинира правните акти (закони, подзаконски акти, стандардни оперативни процедури) кои ќе треба да се донесат или изменат, со цел да се имплементира националниот модел и ги дефинира техничките и административни мерки за имплементирање на националниот модел, како и финансиските импликации за нивно реализирање.

Што препорача Прибе во 2015  за реформи во УБК кои ќе спречат прислушувања без соодветен надзор 

  • Следењето на комуникациите за целите на кривичната истрага и прислушувањето за безбедносни цели треба да се сметаат за одвоени функции и одвоено да се регулираат за да ги одразат соодветните надлежности на засегнатите агенции. Генерално, надлежностите кои се однесуваат на спречување и откривање на криминал треба строго да се почитуваат. Надлежностите на УБК треба соодветно да се намалат, за да се фокусира на овие задачи.
  • На УБК треба да ѝ се одземе нејзината посредничка функција, за да не се меша во независноста на агенциите за спроведување на законот (Полицијата, Царинската управа и Финансиската полиција) кога се работи за следење на комуникациите;
  • УБК не треба да има директен пристап до техничката опрема која дозволува копирање на комуникацискиот сигнал. Сопственичките преклопници (свичови) треба да се преместат во просториите на провајдерите на телекомуникациски услуги. Провајдерите треба да ги активираат и пренасочат сигналите кон надлежните агенции за спроведување на законот (Полицијата, Царинската управа и Финансиската полиција) или безбедносните агенции (Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Агенцијата за разузнавање и Службата за воена безбедност и разузнавање во рамките на Министерството за одбрана) само по добивањето на релевантен судски налог и само за целите на законско следење на комуникациите. Во никакви околности УБК не треба да има практична способност за директно следење на комуникациите.
  • Разузнавачките служби вклучени во следењето на комуникации треба да дејствуваат само во согласност со јасни овластувања утврдени со закон, со кои се дефинираат и ограничуваат нивните задачи за целта на национална безбедност и највисокиот јавен интерес. Во никакви околности не треба да бидат овластени да собираат информации за политички или други цели.
  • Ангажирањето и изборот на персоналот треба да се заснова на строги критериуми на заслуга и интегритет, целосно да се има предвид чувствителноста на разузнавачката работа и заштитата од судир на интереси. Персоналот треба редовно да се обучува, вклучително и за почитување на правилата за заштита на податоци, основните човекови права и заштита на професионалната етика и интегритет.
  • Имајќи предвид дека опфатот на активностите на разузнавачките служби треба да се утврди според целта на нивните задачи и дека какво било мешање (како следење на комуникации) треба да се ограничи на она што е неопходно и пропорционално, треба соодветно да се распределат човечките ресурси и опремата. Со оглед на големиот број на вработени кои во моментов се на располагање во УБК, а релативно нискиот број на судски налози за следење на комуникациите кои се спроведуваат годишно, ова ќе значи значително намалување на ресурсите и опремата. Истовремено, треба да се распредели значителен број на функционални и добро обучени човечки ресурси за контрола и надгледување на разузнавачките служби.
  • Треба да се воведат алатки за управување со ризик за водење и управување со сите разузнавачки операции.
  • Треба да се зајакне безбедноста на податоците за да се спречи каков било ризик од неконтролирано и незаконско ширење на следењето на комуникациите, особено во рамките на Министерството за внатрешни работи, кое согласно Член 34 од Законот за следење на комуникациите треба да ги складира податоците според „специјален режим’.
  • Извештаите за следењена комуникациите кои се направени за безбедносни цели  треба да се избришат во рамките на разумна временска рамка (сегашниот лимит од 5 години е предолг) и според принципите за неопходност и пропорционалност.

Во врска со содржината на прислушувањата

  • Треба сериозно да се разгледа спроведувањето на истраги за криминално однесување откриено со прислушувањата, без двоумење и страв, на неселективен начин, давајќи им поголем приоритет на посериозните незаконски дела кои се чини дека се откриени.
  • За ефективна истрага може ќе биде потребно запленување на регистрите на податоци и сите расположливи архиви на регистри на податоци од УБК и провајдерите на телекомуникациски услуги и нивна споредба со издадените судски налози. Онаму каде што е потребно, истражителите може да размислат за барање на меѓународна поддршка и експертиза, на пример во враќање или утврдување на автентичноста на избришаните регистри.

Во врска со собранискиот надзор

  • Комисиите на Собранието за безбедност и контраразузнавање и за надзор на мерките за следење треба веднаш да се свикаат и редовно да се состануваат (со учество на сите избрани партии во Собранието) за да се осигура собраниска одговорност.
  • За бојкотот на Собранието, ако продолжи, може да бидат потребни ад-хок
  • решенија, најдобро во рамките на собраниските структури, одбегнувајќи ситуација во која собранискиот надзор е де факто застанат за пролонгиран период. Повлекувањето на малцинството членови на Комисијата не треба да се дозволи да го спречува извршувањето на нејзините законски функции и ако е потребно да се измени собранискиот Деловник за да се дозволи ова.
  • Потребата за безбедносен сертификат не смее да се користи како причина за одложување на работата на комисиите и процесот на доделување на безбедносен сертификат треба да се забрза за да се дозволи ова.
  • На членовите на Комисијата треба да им се дозволи да им помагаат технички експерти.
  • Собранието треба да инсистира институциите строго да ги почитуваат своите обврски за поднесување извештаи, на пример обврската на Комисијата за надзор на примената на техники за следење на комуникациите да известува еднаш годишно.
Нова ТВ


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top