СКАНДАЛОЗНА изјава од Федерацијата на Албанија: Косово, Албанија, Македонија, Прешево ќе биде една репрезентација

По мечот помеѓу Србија и Швајцарија не стивнуваат реакциите, а дополнително „масло на оганот“ долеваат Албанците, поточно потпаролката на Фудбалската Федерација на Албанија, Јоана Дервиши..

Во интервју за агенцијата „Прешево Јони“, Дервиши даде скандалозна изјава со која јасно искажа територијални претензии. Сооглед на тоа што е официјално лице на Фудбалската Федерација на Албанија, ова е голем скандал.

„Длабоко во себе, потполно верувам дека еден ден ќе играме под едно исто знаме и дека сите наши фудбалери од Албанија, Македонија, Косово и делот на Прешево ќе настапуваат за една репрезентација“, вели Дервиши.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top