Скокна бројот на заразени: Министерството за здравство ја дополни статистиката, регистрирани 76 нови случаи

Скокна бројот на заразени во денешната статистика. Министерството за здравство објави поголем број на инфицирани, но и на тестирани од оној кој претходно на прес-конференција го објави министерот Венко Филипче..

Според најновата статистика, бројот на заразени во изминатите 24 часа е 76, а тестирани се 885 луѓе.

Министерот Филипче претходно соопшти дека бројот на инфицирани е 67, а на тестирани 868.

Сите нови случаи се во Скопје, каде вкупната бројка на новодијагностицирани е 52.

- Ce извинуваме поради доцнењето на денешната статистика со состојбата со коронавирусот, до овој момент се чекаа податоците од приватна лабораторија, велат од МЗ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top