Скопјани на протест ќе бараат чист воздух

Жителите на главниот град ќе организираат протест поради високото ниво на загаденост на воздухот, а тој е најавен за утре (сабота, 16 декември) во 12 часот пред Владата на РМ..

Протестот, кој е најавен и со настан на социјалната мрежа „Фејсбук“, ќе се организира под мотото „Станете за чист воздух“, при што е наведено дека иницијативата не потекнува од ниту една политичка партија, туку од граѓани што се загрижени за своето здравје.

Граѓаните имаат повеќе барања до належните иниституции, меѓу кои и итно чистење на сите главни и споредни улици и депонии во градот, забрана за сообраќај во најзагадените денови, освен за возила на пожарната, полицијата и брзата помош, службени возила за истовар на стока, бесплатен јавен превоз, забрана за градежни активности во зимските месеци итн…

Под мотото „Свесно и совесно ја бојкотирам наставата на моето дете“ група родители од Скопје предупредија дека од 20 декември нема да ги носат децата на училиште. Целта е им е да го привлечат вниманието на надлежните за да го решат проблемот со енормното загадување во главниот град. Попладнево родителитете за оваа најавена постапка добија поддршка и од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, од каде што побараа децата итно да се пуштат на распуст, а помалите да не одат во градинка.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top