Скот Морисон предлага нов „Ден на Абориџините“ наместо поместување на денот на Австралија

По отфрлањето на повиците за промена на датумот на Денот на Австралија, прајминистерот Скот Морисон вели дека наместо тоа, може да биде уште еден национален ден за прослава на домородното население и култура..

Скот Морисон ја обнови дебатата за поместување на националниот ден на Австралија што се одржува на 26 јануари, датумот кога Првата флота пристигна во Сиднеј Коув.

Г-дин Морисон ја отфрли можноста за промена на датумот, но посочи дека би било добро да се "разговара со австралискиот народ" за концептот на нов национален ден да ја признае автентичната историја на Австралија.

"Има многу за славење ... и мислам дека можеме да го прославиме фактот дека ова е најстарата култура во светот", рече тој.

Иако не номинираше датум за новиот ден, г-дин Морисон истакна дека Австралиската Капитална Територија сега има државен празник „Ден за помирување“ на 28 мај, во кој се одбележува годишнината од успешниот референдум за домородните Австралијани од 1967 година.

„Не мораме да го повлечеме денот на Австралија за да ги препознаеме достигнувањата на домородците во Австралија, најстарата жива култура во светот, и двете можат да коегзистираат“, изјави Морисон за Канал седум.

„Денот на Австралија е Денот на Австралија ... Не можете да се преправате дека вашата историја не е вашата историја.“

„Тоа е денот кога знамето за прв пат се крена во Фарм Коув. Тоа е денот кој ја смени насоката на нацијата.“


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top