Скромноста и понатаму му е главна одлика: Мбапе смета дека играчите се платени премногу

Младиот француски фудбалер Килијан Мбапе смета дека денешните неверојатни суми кои ги плаќаат клубовите се претерани..

Мбапе е еден од најскапите играчи во историјата, а ПСЖ го гупи за 180 милиони евра, додека рекордер е Нејмар кој за 222 милиони евра прејде од Барса исто така во ПСЖ.

Делува иронично што вториот најскап фудбалер во историјата, кој настапува за клубот кој ги руши сите трансфер рекорди и поставува нови граници во фудбалот кога станува збор за парите, смета дека сето тоа е претерано.

„Тоа навистина е непристојно, барем за мене кој доаѓам од скромно семејство, но пазарот е таков, цените растат и не можете да го промените тоа“, изјави Мбапе, кој потоа кажа дека не сака никого да копира.

„Не сакам да бидам копија, сакам да имам своја приказна, мислам дека е добро да се има висока доза на самодоверба“.

На крајот, тој им испрати совет и на младите фудбалери кои се уште не можат да се пробијат, за разлика од него.

„Не ги слушајте оние кои се сомневаат во вас, секогаш верувајте во своите сништа и немојте да ве убедуваа дека некои работи се невозможни“, заклучи Мбапе.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top