Следува жестока казна - УЕФА започна постапка против Нејмар

Манчестер Јунајтед со победата од 3:1 на „Паркот на принцовите“ си обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, ПСЖ уште еднаш испадна во првата нокаут рунда, иако на „Олд Трафорд“ во првиот меч славеа со 2:0..

Бразилскиот интернационалец и најскапоплатениот фудбалер на сите времиња Нејмар, не можеше да им помогне на своите соиграчи поради повредата, но од трибините го следеше мечот со Јунајтед.

По натпреварот тој полуде, изјави се и сешто на сметка на судењето во тој натпревар, особено поради пеналот кој по одлуката на ВАР му беше доделен на Јунајтед во самиот финиш, европските медиуми пренесуваат дека тој бил решен да ги посети судиите во нивните простории по натпреварот, со цел да им каже што му е на ум.

Персоналот на ПСЖ успеало да го спречи да дојде до Скомина во тунелот, каде се обидел да се пресмета со делителот на правдата на мечот во Париз.

Поради сето тоа, УЕФА и официјално отвори постапка против Нејмар, а се уште не е избран датумот за сослушување.

Бразилецот е обвинет за „навредување и малтретирање на судијата“, поради своите изјави на социјалните мрежи.

„Ова е срамно. Ставиле четворица кои не разбираат фудбал да гледаат забавена снимка… Ова не постои!!! Како да ги стави рацете на грб во ваква ситуација. Е**те се!“, напиша Бразилецот по поразот од Јунајтед на „Паркот на принцовите“.

Се шпекулира дека би можел да добие три меча суспензија во натпреварувањата во организација на УЕФА.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top