Слијановска: Побарав да биде повлечен спотот кој е навредлив за мојот противкандидат

Претходно, Пендаровски ја обвини Силјановска дека спотот кој се емитуваше на телевизиите а е наменет против него лошо влијае на демократската аатмосфера на изборната кампања..

Во емисијата Детектор на Телевизија Сител, претседателските кандидати се соочија на дуел. Во текот на дебатата, кандидатот за Претседател на Македонија поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова истакна дека спотот кој за нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски бил навредлив, побарала да биде повлечен а таа лично не знаела за неговата содржина и не бил одобрен од нејзина страна.

- Ниту сум одобрила ниту знаев дека во подготвка е таков спот. Кога слушнав и го видов спотот, веднаш реков дека јас не сакам такви работи и побарав спотот да биде повлечен и истиот повеќе да не се емитува, истакна Силјановска.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top