Слика од Пикасо продадена за 115 милиони долари

Сликата „Девојчето со корпа цвеќе“ од Пабло Пикасо од 1905 година е продадена на 115 милиони долари на првата аукција на предмети од колекцијата на Рокфелер во организација на аукциската куќа „Кристи“..

„Девојчето со корпа цвеќе“ ја купиле американската колекционерка Гертруда Стајн и нејзиниот брат Лио, а таа е шеста на листата најскапи слики на Пикасо. Тој е единствен сликар кој има продадено повеќе слики за повеќе од 100 милиони долари на аукции. Засега се четири.

Сликата инаку е главен дел од колекцијата која ја собрале внукот на нафтениот магнат Џон Рокфелер, Дејвид Рокфелер, кој лани почина, и неговата сопруга Пеги.

Колекцијата содржи повеќе од 1 600 уметнички дела кои оваа недела ќе бидат дадени на продажба. Се очекува дека ќе достигнат рекордни цени, а целиот приход ќе замине во хуманитарни цели.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top