Словенечки европарламентарец: Примањето на Балканот во ЕУ е вистинскиот одговор на брегзитот

Европратеникот Франц Богович смета дека по започнувањето на процесот на излегување на Велика Британија, време е Европската Унија да размисли за својата иднина и да го интензивира проширувањето со Западен Балкан..

„Можеби вистинскиот одговор на брегзитот е интензивирање на разговорите за проширување на ЕУ на Западен Балкан“, кажа Богович на дебатата за брегзитот на пленарната седница на Европскиот парламент.

„Тие се земји што сакаат да влезат во ЕУ, сакаат да живеат во мир и слобода“, кажа Боговиќ и го истакна големото значење на проширувањето на ЕУ на Западен Балкан во иднина, се вели во соопштението објавено од неговиот кабинет.

Тој кажа и дека разидувањето на ЕУ и Велика Британија треба да овозможи пристојна коегзистенција во иднина на интерес на граѓаните, а кажа и дека уште многу треба да се направи за да се подобри функционирањето на самата Европска Унија.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top