Словенија ги лансираше своите први сателити во вселената

По неколку одложувања поради лошото време, Словенија конечно ги лансираше своите први сателити „Немо ХД“ и Трисат“, кои се дел од проект на Европската вселенска агенција.

Заедно со уште 51 сателит од 13 земји, тие се лансирани со ракетата „Вега“ од полигонот во Француска Гвајана.

Шефот на проектот „Трисат“, Изток Крамбергер од Факултетот за електротехника и компјутерски науки, кажа дека лансирањето поминало без проблеми.

„Среќни сме што ја надминавме оваа прва пречка, но вистинската работа допрва ни претстои. Ова е само почеток“, изјави Крамбергер.

„Немо ХД“ е тежок 65 килограми, додека „Трисат“ е наносателит од 4,4 килограми. Тие се развиени од Центарот за вселенски науки и технологии во Љубљана и ќе помогнат да се набљудува Земјата за потребите на земјоделството, шумарството, урбанизмот и поморскиот сообраќај.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top