Случај ТНТ: Наместо Страшевски, в понеделник Трајковски ќе го застапува адвокат по службена должност

Додека Јовица Страшевски, адвокат на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот ТНТ, е на одмор, претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, побарал на рочиштето во понеделник на рочиштето кое е закажано за овој случај..

– И покрај тоа што немам се уште добиено покана која се знае како според член 127 од ЗКП се доставува на бранител за закажано ново рочиште, во кој се опишани начините на достава, а и Тони Трајковски не ми го откажал полномошното како негов бранител Вие по не знам кој пат го кршите законот и сте назначиле не знам по кој закон и член друг бранител во постапката по службена должност. Ова е преседан во судството. Вие може да назначите бранител по службена должност само ако ме имате уредно покането и јас не сум се јавил на судење, или мојот клиент ми го откаже полномошното, нити едното ниту другото е направено бидејќи судењето е на 13.01.2020, а вие предвреме незаконски избрзавте и назначивте бранител по службена должност, пишува Страшевски.

Адвокатите реагираат и на одлуката на судот за смена на поротничка во случајот Ласкарци, која има заменски поротник, додека за ТНТ останѕва поротничниката за која одбраната тврди дека и е истечен мандатот и за која се чека Судскиот совет да донесе одлука на 27 јануари.

Препукувањата во случајот ТНТ кој се однесува на незаконскато уривање на комплексот Космос поради политичка одмазда, почнаа пред Нова година, судот инсистрира процесот да заврши што побрзо, а адвокатите обвинуваат за незаконска постапка и бараат смена на поротничката со истечен мандат, со што судењето би почнало од почеток.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top