Случај „Зијадин Села“; Двајца обвинети признаа вина

Двајцата обвинети за насилство врз Зијадин Села, Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ја признаа вината за извршеното дело..

Во завршните зборови денеска, обвинителот рече дека со оглед на тоа што обвинетите признале вина, судот мора да ги прогласи за виновни.

Обвинетиот Цејо Георгиевски во завршните зборови рече дека се покајал што влегол во Собранието и оти не сакал да повреди никого. Стојан Павлевски пак, очекува дека по преквалификувањето на делото, ќе биде ослободен од обвинувањето.

По барање на адвокатите, судијата ја издвои постапката за овие двајца обвинети од целата преостаната група. Одбраната во завршните зборови побара од судот да го разгледаат фактот дека нивните клиенти не се обвинети за други дела и оти не го прекршиле судскиот поредок. На последното рочиште Сашо Сенков беше ослободен од обвинението, а за Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски случајот беше преквалификуван од обид за убиство, во насилство.

Седум други лица останаа со истите обвиненија – обид за убиство. Обвинетиот Александар Јаневски Тошта излезе од Шутка и се наоѓа во домашен притвор, откако на последното рочиште му се слоши. Судската пресуда ќе биде прочитана на 13 јуни.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top