СМК ИЗРАЗУВА РАЗОЧАРУВАЊЕ ОД ИЗБОРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАНУ!

Пишува: Тодор Петров - Претседател на Светскиот Македонски Конгрес.

2 декември 2015 година, Скопје, Македонија

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува разочарување од изборот на проф.д-р Таки Фити, Влав, за претседател и проф.д-р Луан Старова, Албанец, за потпретседател на Македонската Академија на науките и уметностите (МАНУ).

СМК не спори за научните квалитети, дела и резултати на избраните академици, или за нивното етничко потекло но, смета дека, во време кога се решаваат фундаментални прашања по опстојот на Македонската држава и нација, МАНУ требаше да покаже доблест и за претседател да избере Македонец по потекло кому Македонија и Македонците му се душа и тело преточени во дело, наспроти агресивниот анимозитет и негација кон Македонија и Македонците од Албанската, Бугарската, Грчката и Српската Академија на науките и уметностите!

СМК потсетува дека проф.д-р Таки Фати беше министер за финансии (23.02.1996 - 30.11.1998) во коалиционата Влада на СДСМ и ПДП на премиерот Бранко Црвенковски (20.12.1994 - 30.11.1998).

СМК, истовремено, потсетува дека во времето на коалиционата Влада на СДСМ и ДУИ на премиерот Бранко Црвенковски (01.11.2002 - 02.06.2004) беше избришано правото на безусловен прием во македонско државјанство за Македонците по потекло во светот од членот 11 со изменувањата и дополнувањата на Законот за македонско државјанство којшто на седницата на Собранието (22.01.2004) пред пратениците беше претставен и одбранет од еден Влав, министерот за внатрешни работи Хари Костов, еден Албанец, заменикот министер за внатрешни работи Хазби Лика и од еден Турчин, помошникот министер за внатрешни работи одговорен за државјанствата Ерол Салих.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top