Смртоносниот вирус „Корона“ од Кина стигна и во Мелбурн

Во Викторија е потврден случај на смртоносен корона вирус..

Австралискиот медиум „Herald Sun“ дозна дека лицето се вратило во Мелбурн од Вухан, Кина минатата недела.

Министерката за здравство Џени Микакос потврди дека првиот случај на корона вирусот во Австралија е кинески државјанин кој има околу 50 години, кој се вратил во Мелбурн од Вухан во Кина на 19 јануари.

Тој во моментов е во изолација во болницата „Монаш“ во Клејтон.

Г-ѓа Микакос вели дека ќе бидат известени сите патници на летот CZ321 на Southern Airlines до Мелбурн.

Летот пристигна во 9 часот наутро на 19 јануари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top