Снежно невреме го парализира Нов Зеланд

Снежно невреме го погоди Нов Зеланд..

Снегот остави илјадници домаќинства без напојување со електрична енергија и предизвика застој во сообраќајот. Сите регионални летови од главниот град Велингтон се откажани.

Силниот ветер достигнувал брзина и до 160 километри на час, рушел дрвја и предизвикал проблеми со напојувањето со електрична енергија.

Поради невремето затворени се неколку сообраќајници, а во прекин е железничкиот сообраќај.

Метеоролошката служба објави дека во теснецот кој ги дели Северниот и Јужниот Остров ветерот дувал со брзина од 130 километри на час кревајќи 11-метарски бранови.

Според метеоролозите, невремето на Северниот Остров ќе се засилува, а се очекува да го погоди и најголемиот град во државата Окланд. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top