Сноуден ги предупредува високите функционери да не користат WhatsApp

Поранешниот аналитичар на американската Агенција за национална безбедност (NSА), Едвард Сноуден, ги предупредува високите владини претставници да не ја користат мобилната апликација за комуникации WhatsAp, поради ниското ниво на криптирање на пораките..

Во интервјуто објавено во понеделникот за француската радиостаница France Inter, Едвард Сноуден, вели дека во секој случај е подобро да се користат ваквите апликации отколку они кои не содржат криптирање, но предупредува дека и тие не се сосема безбедни кога станува збор за политички личности.

„Погрешно е да се користи WhatsApp од страна на некој кој се занимава со сериозни прашања во владата“, рече Сноуден а новинарот забележа дека францускиот премиер Едуар Филип за контакти со министрите користи WhatsApp, додека шефот на државата Емануел Макрон го претпочита Telegram.

Притоа Сноуден појаснува дека компанијата Facebook „слој по слој ги отстранува различните ниова на заштите откако во 2014-та стана сопственик на апликацијата“. Според него, тоа ѝ овозможува на компанијата, доколку е потребно, да ја дознае содржината на разговоротеи и преписката на корисниците.

Истовремено поранешниот американски разузнавач го критикуваше и Telegram. „Двата овие програма се крајно опасни доколку сте премиер“, уверува Сноуден. „Но и двете овие програми се подобри отколку да користите SMS или други некриптирани пораки“, одговори.

Самиот тој препорачува да се користат програмите Signal и Wire, бидејќи „тие го користат најдоброто криптирање и не му припаѓаат на Facebook“.

Во 2013 година, Сноуден ги објавува во медиумите методите на електронско следење на комуникациите од страна на американските разузнавачки служби, вклучително и нелегалнот прислушување на раговорите меѓу странските челници. Бегајќи од прогонот на американските власти, Сноуден од Хонгконг побара азил од неколку земји, вклучително и од Русија кога остана блокиран на меѓународниот московски аеродром во обидот да замене во некоја од јужноамериканските земји. Во август 2014-та тој доби дозвола за престој на територијата на Руската Федерација за три години, а пред две години му беше продолжен за истиот период.

Во САД Сноуден е осомничен за кршење на два члена од законот за шпионажа, и по секоја од овие точки се соочува со затвор до 10 години. Претставници на американската админситрациа повеќепати изминатите години изјавуваа дека сметат оти Сноуден е предавник и дека немаат намери да му простат, бидејќи тој предивикал сериозни штети на интересите на националната безбедност.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top