Со цвеке на поклонение пред споменикот на Демирхисарските револуционери

Одбележан празникот 11ти Октомври и во Демир Хисар.

Голема општинска делегација од повеќето раководители на јавните претпријатија, установи и органи на државната управа и советници што ја предводеа градоначалникот Љупчо Блажевски и претседателот на Советот на Општина Демир Хисар, Кире Ристевски, денеска по повод големиот празник 11 октомври, на споменикот на демирхисарските револуционери положи цвеќе. 

Покрај делегацијата на градоначалникот и претседателот, на чествувањето се приклучија и официјалните делагации на Општинскиот одбор на СБНОБ и општинското здружение на пензионерите, кои исто така, положија цвеќе. 

По свечената празнична церемонија, градоначалникот Блажевски за сите учесници приреди прием.

На денешнот чествување му претходеше и прием што го приреди претседателот на Советот Ристевски за членовите на демирхисарскиот одбор на борците и наградените ученици од конкурсот за најдобра лична поетско – прозна творба. 

На приемот, претседателот Ристевски ги врачи наградите на најдобрите учесници.

Иако известени и поканети, на денешното чествување не присуствуваа опозиционите членови на Советот на општината.

Повеке фотографии погледнете во галеријата:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top