Со донација од дијаспората купени таблети за ученици во ООУ „Ванчо Николески“

ООУ „Ванчо Николески“ на почетокот од оваа учебна година доби донација, парични средства од жители од Лескоец кои денес живеат во дијаспората..

- Во заеднички договор со нив, со паричните средства се обезбедија 5 таблети со потребните перформанси за следење наставата од далечина на новата национална платформа. Искажуваме голема благодарност за донацијата на пријателите од дијаспората, бидејќи со овој нивен хуман гест се подобрија условите кај некои ученици и семејства, при што се олесни ситуацијата за непречено следење на наставата онаму каде што имаше потреба, информираат од ООУ „Ванчо Николески“.

Училиштето продолжува да работи во интерес на учениците и нивните семејства, преку барање начини за дополнителни донации и решенија за сите предизвици, сѐ со цел сите ученици да бидат опфатени со квалитетна и безбедна настава.

Извор: Охрид Прес


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top