Со Хуавеј соработката ја прекинува и Панасоник

Компонентите што се во прашање се поврзани за паметните телефони. „Панасоник“ испорачува делови за телефоните на „Хуавеј“..

Јапонската компанија „Панасоник“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Хуавеј“, откако САД воведоа  рестрикции за извоз за таа компанија.

– Бројот на производи што се погодени од таа одлука е ограничен и тешко дека ќе има какво било влијание на профитот – тврди претставник на „Панасоник“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top